Конзорциумот составен од компаниите Дрекслмаер, Еуроникел Индустри, ИГМ треjд и средното општинско училиште „Киро Спанџов -Брко” – Кавадарци, добија грант за набавка на современа опрема и машини за училиштето.

Грантот е во вредност од приближно 600 000 евра од RCF-fond поддржан од германската KFW банка, кој треба да се реализира во наредниот период, информираа од кавадаречкото средно стручно училиште.

Оттаму изразија благодарност до RCF-фондацијата за заложбата за поддршка на стручното образование и унапредување на образовниот процес.

Се очекува инсталираната опрема во училиштето да го зголеми квалитетот на образованието во СОУ „Киро Спанџов-Брко”, со што ова училиште би станало регионален центар.