Пад на водостојот кај поголем дел од реките е забележан денеска во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најголем пад има кај реката Струмица кај Ново Село каде нивото е пониско за 20 сантиметри во споредба со вчера.

За пет сантиметри е пониско нивото на Вардар кај Јегуновце и Велес, а за два сантиметри кај Скопје. Единствено водостојот на Вардар е повисок кај Демир Капија за осум сантиметри.

За четири сантиметри пониско е нивото на Пчиња кај Катлановска Бања, а кај дел од реките водостојот е понизок за два сантиметри.

Кај езерата нема некои позабележителни промени во однос на вчерашниот ден.