Ново истражување потврдило дека жените почесто иницираат развод на брак, отколку мажите.

Интересно е дека статистиката е поразлична кај невенчаните парови- тука мажите и жените подеднакво ја преземаат улогата на лицето што ќе иницира разделба.

Социолозите долго (и погрешно) претпоставувале дека тоа се случува затоа што жените поради поголемата чувствителност потешко поднесуваат успони и падови во бракот, но сега е откриено дека за разводот сепак имаат многу подлабоки мотиви.

Со иницирање на разводот жените одговараат на незадоволството од ковенционалните улоги на мажите кои сеуште не се во соглсност со промените на подрачјето на еднаквост на половите. Омажените жени кои учествувале во истражувањео го изразиле своето незадоволство од квалитетот на односите во бракот, во однос на врската која со партнерот ја имале пред бракот.

Бракот како институција споро ја прифаќа еднаквоста. Жените сеуште го земаат презимето на мажот, многу тоа го прават под притисок. Мажите сеуште очекуваат жената да презема најголем дел од домашните обврски и самата да се грижи за децата.


Администратор
20/10/2021 05:36