Прво се уриваа дивопоставените и изградени плажи во Охрид, за сега повторно да се градат. Општинскиот состав кој сега се трка за уште еден мандат, дури и нуди две идејни решенија. Поранешните концесионери реагираат револтирано.
-Се поставува прашањето ако ги ослободивме плажите, ако се фалевме дека им ги вративме на граѓаните,зошто сега повторно да ги окупираме со лежалки и претходно плажите имаа лежалки.Тоа зборува дека се’ се работи аматерски, кампањски, без стратегија.Ако нема концесионери на долг рок, сето ова што е сега замислено ќе пропадне во вода за една сезона, вели за Алфа Љупчо Нечкоски-поранешен концесионер
Замерки имаат и архитектите. Велат на Охрид му треба монденски излед на плажите а не простор начичкан со лежалки-една преку друга.
-Тоа треба на пример во еден агол околу тој шанк,не мора трска да се враќаме во 19 век, во 21 век има и имало други градежни матерјали тоа се за мене апсурди, сега да се враќаме ние со слами, изјави архитектот Ристо Андоновски.
Рок за аплицирање на конкурсот бил само две недели. Јавноста реагира прво зошто да се гради пак на истите места, но и како за толку кусо време некој може да подготви идејно решение. се сомневаат дека актуелната локална власт сака повторно нешто да протне на мала врата.