Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Во Скопје и околината наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. В сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.


Администратор
21/10/2021 10:10