Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп, вчера беше пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Македонија со крајна дестинација за Грција, во вредност од околу 200 000 евра.

Како што соопштија од МВР, на патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми.


Администратор
22/10/2021 01:37