Зимата што доаѓа во јужниот дел на Европа многу ќе потсетува на зимата од минатата година, нагласуваат метеоролози.

Тие најавуваат бури и силен ветер низ Шпанија и јужна Франција, како и бројни промени на времето.

– Некои од најсилните бури најверојатно ќе се случат некаде во јужна Франција, Шпанија или Португалија оваа зима, истакна метеорологот Тајлер Ројс.

Додека метеорологот Алан Реперт наведе дека со влажна зима ќе се соочи од Медитеранот до Италија, Балканот и поголемиот дел од Турција. Според него поради постојан проток на влага во овие области, се очекуваат бури, а умерени количини на врнежи би можеле да резултираат со значителни поплави.

Според метеоролозите се очекува температурите зимата да бидат просечни во поголемиот дел од јужна Европа. Но, температурите во делови од Италија, Грција и Балканот понекогаш можат да се зголемат над нормалното.

Прогнозите на „Акуведер“ (AccuWeather) за внатрешноста на Источна Европа се неочекувано студен воздух оваа зима, а со најголем ризик за температури неколку степени под нормалата се централна Украина, Летонија и Естонија, како и Словачка и Полска.

Северна Европа не се очекува да се соочи со нестабилно време оваа зима. Не се очекуваат и бури како оние што погодија делови од Ирска, Германија, Данска, Норвешка и Шведска минатата година.

Продолжено суво време се очекува за источна Франција, Германија, Шведска и Норвешка.

Според Ројс, температурите ќе паднат на речиси нормално и под нормалното ниво во втората половина на зимата во северозападна Европа.


Администратор
22/10/2021 01:37