Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека НАТО нема да докази дека протераните службеници од руската дипломатска мисија во Алијансата биле вклучени во какви било злонамерни активности.

– ТРЕБА ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ ДЕКА НАТО СИСТЕМАТСКИ ГИ УНИШТУВА ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА ОПРЕДЕЛУВАЈЌИ СЕ ЗА ЛОГИКАТА НА СТУДЕНАТА ВОЈНА. ИСТО ТАКА, ТРЕБА ДА ЗАПОМНИМЕ ДЕКА Е ЗНАЧАЈНА УЛОГАТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО, ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ВО ОВОЈ ДЕСТРУКТИВЕН ПРОЦЕС. И НА КРАЈ, ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ПРОТИВ АКТИВНОСТИТЕ НА РУСИТЕ ПРОТЕРАНИ ОД НАТО , НАПИША ЗАХАРОВА НА ТЕЛЕГРАМ КАКО ОДГОВОР НА ИЗЈАВИТЕ НА СТОЛТЕНБЕРГ ЗА ПРИЧИНАТА ЗА ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ.

Таа додаде дека Столтенберг треба да се запраша колку претставници на земјите-членки на НАТО како дипломати и новинари се вклучени во шпионските активности ширум светот.

Ако сметате дека е недозволиво, Ве молиме да ги отповикате разузнавачките оперативци на земјите од НАТО од Русија, истакна Захарова.

Столтенберг претходно изјави дека одлуката за протерување на руските дипломати од Брисел е донесена врз основа на разузнавачки информации, но не наведе ниту еден доказ за обвинувањата против Русија.

НАТО на 6 октомври соопшти дека ја намалува руската мисија во организацијата од 20 на 10 вработени. Исто така ги одзеде акредитациите на осум руски дипломати, а укина две места.

Северноатлантската алијанса побара од руските дипломати да го напуштат Брисел до крајот на октомври.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на 18 октомври изјави дека Русија целосно ја прекинува работата на својата мисија во НАТО.

Прекин ќе има и во активностите на воената мисија за врски и информации на НАТО во Москва.


Администратор
22/10/2021 01:37