Од понеделник (25.10.2021 година) ќе почне да функционира линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.

Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

Автобусите ќе се движат по улиците „Жданец“, па до влезот на Трнодол, па по ул. „Козле“, бул. „8 Септември“, бул. „Партизански одреди“ до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса. Ќе се користат посточеките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:

*од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч. *од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.


Администратор
22/10/2021 13:42