Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ.

Романот ќе го промовитаат писателката Лилјана Пандева и Сашо Огненовски, преведувач на делото, а модератор ќе е писателката Јулијана Величковска.

Според Огненовски, овој роман е своевидна вивисекција на интимата внатре во општеството кое своите правила ги поставило на многу едноставен начин, рапсодија на деструкцијата и несфатеноста, која никако да запре, и интерпретација на едно „друго тело“ што кореспондира со суровоста и отуѓеноста.

Ана Вучковиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности на отсекот за драматургија, а магистрирала на филмологија.

Нејзината писателска кариера ја почнува на петнаесетгодишна возраст, кога за краткиот расказ „Нишалка“ ја добива наградата „Борслав Пекиќ“.

Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“, „Ласт’н’даст“, „Сурфинг Србија“ и „Југослав“, како и на збирката раскази „Плишениот солитер“. Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, додека, со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат ‒ алтернативна радиостаница во Белград.


Администратор
26/10/2021 12:34