Денеска (03.11.2021) во 10.05 часот полициски службеници од Оперативен тим - потраги на подрачјето на Аеродром го лишија од слобода М.П.(31) од Скопје.

За него биле распишана потерница од Основен кривичен суд за издржување на казна затвор од 1 година и 6 месеци во врска со сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. М.П ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна