На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Тетово започна да функционира првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ што претставува модерно опремена површина од 350 метри квадратни, каде професионалци, практичари и студенти ќе посетуваат специјализирани обуки од текстилната и градежната индустрија, како и од земјоделството.
Во исто време, Центарот ќе служи како „продолжена рака“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) при што ќе се создадат услови за реализација на актуелни обуки, предавања и тренинг. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работната сила.