СВР Тетово поднесе кривични пријави против Р.В.(39) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и В.М.К.(55) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2016 година, првопријавениот склучил нотарски договор со едно лице со кој се договориле како надоместок за уредување на неговиот двор да му го даде на користење неговото патничко возило „фолксваген туарег“, без право на оттуѓување до завршување на активностите.
Второпријавената, вработена како нотар, кога го направила купопродажниот договор помеѓу нив, му овозможила на првопријавениот да го препродаде возилото иако не било така договорено помеѓу двете страни.