Кавадарчанец се здпбил со тешки телесни повреди откако со возило излетал од коловоз, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Вчера околу 12 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.
Бил извршен увид на местото на настанот.