Во Центарот за јавно здравје во Охрид денеска почна бесплатната имунизацијата против сезонски грип на лицата над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од шест месеци до пет години како ризични групи.
Бројот на вакцини што ќе ги добие Центарот за јавно здравје во Охрид зависи од бројот на пријавени граѓани на специјалната интернет-страница за вакцинирање. Кога станува збор за комерцијалната имунизација, за почеток се набавени 800 дози од вакцините против сезонски грип за потребите на Охрид, Струга и Дебар, од кои за Охрид околу 300.
Поради недостиг на кадар, екипи на Центарот за јавно здравје нема да вршат теренска вакцинација. Граѓаните кои ќе имаат потреба да се вакцинираат во домашни услови ќе треба да се обратат до службата за домашни посети, како што беше и минатата година.