Габриела Илиевска од советничката група „Пoинаку“ е избрана за претседателка на Советот на Општина Битола.
За изборот на Илиевска гласаа членовите на советничките групи од ВМРО – ДПМНЕ и Левица, кои заедно со тројца советници од „Поинаку“ имаат мнозинство во Советот на Општина Битола со вкупно 18, наспроти 13 опозициони советници.
– Во Битола ќе биде поинаку. Поинаку секогаш ќе биде во коалиција само со граѓаните, ќе работиме на проекти кои се во интерес на жителите на Општина Битола, ќе се залагаме за активности кои се насочени кон подобрување на целокупното живеење како во Битола, така и во руралните средини и без исклучок ќе бидеме коректор на власта, а наша цел е реализација на програмата која ја ветивме, изјави Илиевска по нејзиниот избор за претседателка на Советот на Општина Битола. На првата седница на Советот на Општина Битола, советниците донесоа одлука за организирање на зимската служба во градот.