Преку кампања насловена како „Паркирајте совесно и одговорно" Општина Радовиш најавува воведување на зонско паркирање.

-Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме вашата поддршка на овој проект засекогаш да ги надминеме овие проблеми, стои во обраќањето до граѓаните од локалната самоуправа.

Како што додаваат од општината, во тек е изработка на нова физибилити студија во која ќе бидат опфатени изградба на нови и регулирање на постоечките паркинг места, како и целосно ставање под контрола на паркирањето во Општината.