Од почетокот на вакцинирањето против сезонскиот грип досега во Струмица се имунизирани околу 1.300 лица.
Од Центарот за јавно здравје во Струмица информираат дека во споредба со лани зголемен е бројот на граѓаните кои сакаат да се заштитат од грип. Најголем интерес има кај граѓаните на возраст над 65 години.
-Покрај оваа група граѓани, вакцина примаат и хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата од 6 месеци до 5 години, информира директорот Петре Витанов.
Според него, поголем дел од граѓаните кои се вакцинираат против грип, претходно примиле и вакцини против Ковид-19.
Вакцинирањето против грип се врши на четири пунктови, од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица.
Покрај интересот за бесплатното вакцинирање, голем интерес има и за комерцијалните вакцини за кои се плаќа 800 денари.