Црвениот крст од Гевгелија се вклучи во одбележувањето на Неделата за грижа на старите лица со цел да го потенцираат значењето за потреба од нивна зголемена интеграција и социјална инклузија во општеството.
Под мотото „Сите сме нивни деца“ неделава се организираат низа активности за да се нагласи колку е важно младите да се грижат за повозрасните.
Во рамки на програмата денеска беше организирана едукативна работилница за здраво и активно стареење како составен дел од животот за пензионерите од Гевгелија, Богданци и Дојран на која беа презентирани повеќе теми од интерес за постарите лица како предизвици со деменција, демографски статистики, стареењето, како физиолошки процес, но и за погодностите од сертифицираните негуватели и асистенти.