Во рамки на посетата на претседателот на Полска Анджеј Дуда на земјава, денеска ќе биде одржан македонско – полски визнис форум на коj претставници на компании од двете земји ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на економската соработка.

На бизнис форумот ќе се обратат претседателите на Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу организаторот на настанот Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија и полската Агенција за инвестиции и трговија.

Потписи на Меморандумот ќе стават директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и Кржиштоф Пржулуцки, директор на Агенцијата за инвестиции и трговија на Полска.

Целта на форумот е подобрување и зајакнување на соработката на компаниите од двете земји за што присутните ќе имаат можност по завршувањето на официјалниот дел за Б2Б средби, вмрежување и презентации.