Времето утре ќе биде постудено, по одделни котлини со слаба утринска магла, а во текот на денот ќе биде сончево.

Утринската темепратура ќе се движи во интервалот од минус четири до четири степени, а дневната од 12 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со утринска темепратура од нула степени и максимална 14 степени Целзиусови.

Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.