Во организација на Национални шуми ПШС ,,Малешево-Берово” спроведена е втора акција за пошумување на опожарените подрачја. Акцијата како што информираа организаторите се спроведе на површина од 7,5 хектари во близина на село Ратево каде се пошумуваа садници од јасен и црн бор.
-На 19.11.2021 година се изврши пошумување на површина која беше опожарена во 2019 година. Целокупната опожарената површината која ќе се санира е 65 хектари во местото викано Присој каде денес се пошумија 7,5 хектари со садници од јасен и црн бор. Садниците за пошумување на површината се обезбедени од расадникот на подружницата Малешево – Берово, исталнаа организаторите.
Површината која се пошумува како што додадоа е од голема важност, бидејќи е со голем наклон и каменлива почва и високо ерозивен терен.
-Со овие активности ЈП Национални шуми покажува дека продолжува со своите активности за пошумување односно зголемување на зелените површини и површините под шума, борба против опустинувањето и санирање на опожарени површини, велат организаторите.
На пошумувањето освен вработени во ЈП Национални шуми, подружница Малешево – Берово, учествуваа и вработени во Општина Берово, Јавното комунално претпријатие ,,Услуга” – Берово и граѓани од околните населени места.