За да ја продолжат традицијата жени од кичевското село Раштани, во текот на денешниот ден на градскиот плоштад презентираа етно-храна, каква што низ годините и вековите подготвувале жените во овој регион.

Здружението „Колибата на Л“ е формирано со единствена цел што повеќе жителите од овој регион да се навраќаат на сопствените традиции и да се потсетат на своите изворишта, подготовка на етно-храна, која по малку е подзаборавена од помладите генерации.

– За да ја продолжиме традицијата за подготовка на етно-храна го формиравме Здружението „Колибата на Л“, кое има за цел да ги поврати традициите на времето од миматото, кога во секое семејство секојдневно се подготвуала етно-храна што и ние го презентираме преку нашето здружение, каде на автентичен начин се подготвуваат питиња како комат, ѓомлезе, питулици и се што било дел од макеоднската етно-кујна во село Раштани и во кичевско.Се надеваме дека преку оваа презентација на сите наши помлади сограѓани ќе им ја презентираме подготовката на етно-храна која и тие во иднина ќе почнат да ја подготвуваат-истакна Лиљана Ѓорѓијоска, иницијатор на оваа манифестација.

Таа потести дека заинтересираните граѓани и семејства кои немаат можност во својот дом да подготват етно-храна, можат да ги контактираат од Здружението, а тие ќе им подготват и испорачат и на тој начин да ја исполнат нивната желба.