Изработката на Даријан Јанески е победник на изложбата „Златен костен 2021“ која е во склоп на годинешната манифестација „Костенијада 2021“. На манифестацијата учествуваа учениците од основните училишта во општина Македонски Брод, децата од детската градинка „7 Септември“ и лицата од згрижувачки семејства во Долни Манастирец.

Покрај апсолутниот победник прогласени се и најдобрите изработки на ученици од прво до деветто одделение.

Од прво одделение за најдобри изработки прогласени се творбите на Дамјан Кузманоски и Мила Секулоска. Кај учениците од второ одделение најдобра е изработката на Андреј Секулоски, од третоодделенците е Мила Сиљаноска, Бојан Трајаноски во категорија на ученици од четврто одделение, истакна директорката на Домот на културата во Македонски Брод, Милена Стојческа, кој беше организатор на изложбата „Златен костен“

Додаде дека во категорија на ученици од петто одделение, пак, дури три изработки беа прогласени за најдобри и тоа на Борјан Спироски, Сара Стојкоска и Моника Грозданоска.

-Кај шесттоодделенците најдобра изработка имаше Андреј Станоески, кај учениците од седмо одделние најдобрата изработка беше на Тамара Маркоска, Стојадин Сиљаноски кај осмооделенците и кај највозрасните од деветто одделение најдобра е изработката на Сара Јованова, додаде директорката Стојческа.

За најдобрите творби, учениците добија по една благодарница.