Ученици од Куманово, отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, денеска на градскиот плоштад во Куманово го одбележаа 20 ноември – Меѓународниот ден на детето. Основците поделија честитки со безбедносни пораки на случајните минувачи.

– Оваа година го одбележуваме заедно со ученици од основни училишта кои претходно изготвија безбедносни пораки, кои во форма на честитка им ги подарија на граѓаните, а воедно подготвивме анкетен прашалник, од кој сакаме да видиме колку граѓаните знаат за закон за правда за деца, што ќе предложат како идеа и што сметаат кој е најважен чинител за поголема заштита и безбедност на деца, дали се тоа институциите, родителите, семејството или некој друг. Предвидени се и други активности цртање и пишување на пораки кои ќе се достават до институциите, изјави, Виолета Богдановска, началничка отсек за превенција во СВР Куманово.

Општински совет за превенција на детско престапништво Куманово е формиран во 2019 година со одлука на Совет на Oпштина Куманово и активно учествува во имплементирање и реализирање на превентивни кампањи и активности кои ќе ја разбудат свеста кај сите за поголема грижа и безбедност на децата.