Со акција за разубавување на екстериерот пред деветолетката „Св. Климент Охридски“ во Делчево одбележан е Светскиот ден на детето. Во акцијата, како што информираа самите учесници, учествувале 30 дечиња кои работеа на уредување на надворешниот простор пред училиштето.

-Главна задача ни беше да го направиме дворот во училиштето едно поубаво и малку поразлично катче каде децата ќе играат и ќе се забавуваат. На децата по повод денешниот ден би им посакала да се забавуваат и да уживаат во детството, истакна ученичката Ана Стоименовска.

Акцијата се спроведе во соработка со Општина Делчево и општествено одговорни компании од градот.

-Голема благодарност до општината и градоначалникот, советничката Јасмина Ќурчиска како и фирмата Брегал кои ни помогнаа во реализација на активностите, додаде ученичката Сара Ангелова.

Од училиштето, упатувајќи честитки до сите ученици по повод Светскиот ден на детето, вакви и слични акции најавија и за во наредниот период.