Општина Дебрца отвори јавен повик до граѓаните за нивно вклучување во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2022 година.
Повикот е објавен на општинската интернет-страница, каде граѓаните и граѓанските организации можат со свои идеи, предлози и сугестии активно да се вклучат во распределбата на дел од средствата од општинската каса, преку пополнување на понудениот формулар во електронска форма.
Од општината ги повикуваат субјектите да ги посочат клучните проблеми и предлози за нивната месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Од Опшптина Дебрца посочуваат дека секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од службите, а предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година.