Комплетното уредување на централната улица „Методија Андонов Ченто“, во селото Мрзенци, како приоритетно барање на локалните жители со почетокот на асфалтирањето, влезе во финална фаза.
Претходно, најфреквентната улица долга 840 метри, беше целосно реконструирана, проширена од двете страни колку што дозволуваше просторот и беа поставени бетонски рабници по што уследи нејзиното асфалтирање како завршен чин од уредувањето, велат од општина Гевгелија.
За реализација на проектот општина Гевгелија инвестираше 10 милиони денари кои беа обезбедени од грант на Светската банка преку Министерството за транспорт и врски.
Проектот е дел од програмата за изградба, подобрување и одржување на локалните патишта во општина Гевгелија во 2021 година.