По најавата на новите мерки за заштита од короновирусот зголемен е интересот за вакцинирање со прва доза во Струмица. Порано неделно се аплицирале околу 120, а сега 294 вакцини, што според лекарите е драстично зголемување од еден и пол пати.
Од ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ велат дека се поголем е интересот за вакцинирање на млади лица на возраст меѓу 20 и 30 години.
-Пред да бидат објавени новите мерки имавме само 120 граѓани кои ја примаа првата доза од вакцините, а последната недела интересот значително порасна, информираат од ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“.
Инаку, од почетокот на имунизацијата во Струмица се аплицирани 52.731 вакцини, а од нив 26.426 се прва доза, 24.504 втора и 1.801 граѓани примиле трета доза на вакцини против коронавирусот.