Полицијата за два дена откри два случаи на лица кои пренесуваат огревно дрва без соодветни документи за тоа. Вчера бил откриен жител на Копачин Дол, Тетовско додека во неделата откриен бил жител на скопско село.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 9 часот и 35 минути, во тетовски Копачин Дол, го лишиле од слобода 30-годишниот М.Ј. од истото село, кој бил затекнат како пренесува огревни дрва без потребните документи. Извршен е увид, дрвата се одземени и предадени и се на Шумска полиција, а М.Ј. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во неделата околу 8 часот и 15 минути, во тетовско Мерово приведен бил 33-годишниот Ј.А. од скопско Паничари, кој со неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“ без регистарски ознаки пренесувал огревни дрва без потребните документи. Исто така возилото и дрвата се одземени и и се предадени на Шумска полиција за натамошна постапка.