Дипломираниот правник Дарко Коцевски од Тетово е именуван за нов секретар на Општина Тетово. Тој од денеска ја презе функцијата, а инаку доаѓа од општинската администрација.

-Во изминатите осум години Дарко Коцевски бил вработен во Секторот за јавни дејности каде бил и помошник раководител, информираат од Општина Тетово.

Предходно работел и во Министерството за надворешни работи. Тој е роден во 1979 година, Високо образование завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ -Скопје.