Околу основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија почнаа градежни активности за поставување нова армирана бетонска ограда долж целото училиште и неговиот двор.

Директорката Кети Аврамчева рече дека покрај оградата, ќе биде заменета и старата врата на главниот влез со нова лизгачка врата и дека нови врати ќе добијат и останатите два влеза во училишниот двор.

–Нашето училиште со овие зафати ќе добие нов, поубав изглед, а истовремено ќе ја зголемиме сигурноста на целиот објект и ќе го подобриме пристапот на учениците и нивните родители до училишниот објект, рече Аврамчева и посочи дека уредувањето на училишниот двор го реализираат со средства од училишниот буџет. им/хс/