Советот на Општина Брвеница денеска на конститутивната седница за нов претседтаел го избра Бујамин Рушити од Беса. За него гласаа осум советници, додека шест беа воздржани.
-Сме соработувале во овој Совет и порано, нашата цел е за општината да работиме заедно и да носиме добри одлуки. По четири години луѓето да се сетат на добри работи, посочи Рушити во обраќањето по изборот.
Советот ги состави и комисиите.
Советот на Општина Брвеница брои вкупно 15 членови од кои пет има ВМРО ДПМНЕ, по три имаат ДУИ и Алијанса за Албанците и Алтернатива додека по двајца советници Движење Беса и СДСМ.