Во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов" промовирана е книгата „Доктор Детектив" од Владимир Панев, студент на Медицинскиот факултет во Штип и доктор Тим Гау.

Како што истакна авторот Панев, книгата е наменета за неговите колеги и е напишана со цел да ги прикаже основите на клиничко резонирање. Гранка која е во тренд, а на врвни факултети во Европа и светот е воведена и како посебен предмет за студентите.

– Во книгата се опишани стратегии и принципи на поставување на дијагнози, нешто што на запад е како регуларен предмет и се користи во врвните клиники за поставување на тешки дијагнози, вели Панев.

Дополнува дека ова е негова прва книга и е пишувана две години.

Американскиот лекар Гау е токсиколог, семеен лекар и едукатор на специјализанти во неговата област со над 30 години искувство во лекување на пациенти.