Филмскиoт фестивал за млади „Џифони“ денеска патува во Делчево. Настанот во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од каде информираат дека целна група на фестивалот се младите од Делчево.
-Настанот е дводневен, закажан е за денеска и утре (29 и 30 ноември 2021). На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе ја направи позабавна актерката Зорица Нушева, која ќе одржи и актерска работилница, истакнаа организаторите. Покрај тоа, предвидена е и фотографска и ликовна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност.
Настанот е закажан за 10 часот, а влезот е бесплатен.
Фестивалот се одржува во рамки на традиционалниот настан Дарувај со љубов – Денови на хуманост 2021.