Над 1.700 лица се вакцинирани против сезонски грип во Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните. Пациентите претходно се пријавиле преку „Мој термин“.
Според податоците на Центарот, станува збор за хронично болни и лица со кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, категории граѓани кои речиси секоја година се вакцинираат против сезонски грип.