Водостојот на Пчиња изнесува 60 сантиметри што е двојно повеќе во споредба со вчера кога беше 30 сантиметри, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи од 07:30 часот утрово.
Двојно зголемениот водостој на реката Пчиња на мерната станица кај Пелинце за само еден ден е резултат на врнежите кои изминативе денови го зафатија поширокиот кумановски регион. По извесен временски период прв пат нивото на Пчиња е над просекот што за ноември изнесува 47 сантиметри.
Зголемување се бележи и на водостојот на реката Кумановка со мерна станица во село Доброшане. Вчера во 08:00 часот биле измерени 39 сантиметри, а денеска во истиот период се регистрирани 45 сантиметри.