Во Ликовниот салон на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложба на дела од колонијата „Нижополе“. Изложени се 20 слики од исто толку уметници, учесници на Колонијата низ годините. Со овие дела се претставени домашни и странски уметници.
Ликовната колонија „Нижополе“ постои од 2000 година.
Изложен е само мал дел од големото богатство на дела од Колонијата. Љубителите на уметноста може да ја видат изложбата во наредните две недели.
Во излинатите две децении на колонијата „Нижополе“ учествувале и твореле над 300 уметници од земјава и од странство и создале преку 700 уметнички дела.