На четвртата сесија во рамки на Буџетскиот форум на Општина Струмица граѓаните синоќа ги избраа трите најприоритетни проекти за реализација во новата буџетска година.
Од тринаесет приоритетни проектни иницијативи, најмногу гласови доби проектот за намалување на цените за приклучок на гас или субвенционирање на цената за гас за физички и правни лица.
Граѓаните побараа урбана опрема за деца и млади и деца со попреченост, како и уредување на нови зелени површини во основните училишта и поставување на урбана опрема.
Градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на граѓаните за активното учество во Буџетскиот форум, за нивните предлози, идеи, сугестии и нивниот влог во транспарентноста и отчетноста на општина Струмица и вети дека максимално ќе се заложи тие да бидат ставени во општинските програми за реализација од буџетот за 2022 година.