За учесниците во есенскиот ликовен хепенинг во Пехчево денеска се доделени наградите, во организација на Домот на култура ,,Јане Сандански”, чиј директор Валентина Веселинска истакна дека талентот кај учесниците бил пресуден, наградите да заминат во вистински раце.

– На настанот учествуваа претежно ученици од основното и средното училиште, а првите места им припаднаа на Сара Тренчевска од средното образование како и Елиса Асанова и Викторија Чабуковска од основното образование. Тие се здобија со дипломи, додека сите останати за својот ангажман добија пофалници, нагласи Веселинска.

Информираше дека цртежите дополнително ќе бидат изложени во рамки на организирана Ликовна изложба.

– Благодарност до сите за соработката, за трудот и талентот кои го вложија во остварување на ликовниот хепенинг. Уште еднаш покажаа дека знаат и умеат, заедно со нас да покажат дека можат и умеат да си ги покажат своите амбиции, таленти и да напредуваат во сите сфери на животот, додаде Веселинска.

Темата на есенскиот ликовен хепенинг беше „Мотиви од градот Пехчево и околината“. вс/цр