По надминување на одредени проблеми кои се појавиле при реализацијата на постигнатиот договор со ЕВН околу инсталираењето на електричната енергија, продолжија градежните работи за уредување на централната улица во елитната станбена населба „Мрзенски рид“ во Гевгелија.
Откако изврши увид, гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов денеска потврди дека по извесен застој во населбата продолжиле градежните работи на централната улица „Александар Бел“ која ќе претставува главна сообраќајна артерија за жителите на станбената населба во која уште се гради.
Изведбените работи продолжија со уредување на долниот строј на улицата, по што ќе следува поставување бетонски граничници по целата должина од 850 метри и асфалтирање.
Комплетно ќе бидат уредени и два крака од оваа улица со должина од по 110 метри.