Во последната фаза е изградбата на обиколницата во Демир Капија од речиси еден километар, со цел растоварување на сообраќајот во градот и зголемување на безбедноста.

Како што информираше денеска градоначалникот Лазар Петров, инвестицијата од над 20 милиони денари е на Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач на работите е „Македонија пат“.

-Истовремено, продолжува изградбата на четири улици во градот, со пари добиени од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски. Се работи за улиците „11 Октомври”, „Гоце Делчев”, „8 Март” и дел од улицата „Маршал Тито”. Отпочната е и последната фаза од доградбата на Домот на културата „Мирка Гинова”, со пари од буџетот на ТАВ-програмата, појасни Петров.

Тој додаде дека инвестициските активности за комуналните проекти во општината ќе продолжат се додека дозволуваат временските услови. свд/хс/