Врнежите од дожд присутни повеќе денови, ги зголемија дотеците од помалите реки и потоци кои се влеваат во река Радика, што условија зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“.
Според надлежните од ЕСМ, дотекот во акумулацијата од Радика, која во езерото се влева кај Косоврашки Мост, е над 25 кубни метри вода во секунда, додека останатиот дел е од реката Црн Дрим.
– Што се однесува до дотекот на вода во Дебарско Езеро тој почна да се зголемува со првите дождови. На 26 минатиот месец беше 10,01 кубен метар, следниот ден 19,86 м3/сек до 64,51 кубени метри во секунда на 29 ноември и следните денови во просек по 50 кубни метри вода во секунда, потврдуваат за МИА од ЕСМ.
Додаваат дека дотекот секојдневно се менува зависно од вренежите, што подразбра дека се зголемува или намалува.
Според нив, нема никаква загриженост од евентуално поплавување, бидејќи иако котата пораснала за околу два до три метри сè уште не е стигната до просечната вредност на котата за декември.