Стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“ денеска ќе биде промовиран во Владата. Проектот ќе има капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Инвестицијата е проценета на околу 270 милиони евра.

Најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, претседателот на француската компанија „Акуо Енерџи“, Ерик Ското, како и францускиот амбасадор во државава Сирил Бомгартнер.

Владата на седница на 23-ти минатиот месец донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестициски проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Преку оваа компанија „Акуо Енерџи Сас Париз“ ќе ја реалзизира инвестицијата за изградба на „Соларен парк Стипион“.