Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола со пригодна програма го слави патрониот празник на библиотеката.
Според историјатот на Библиотеката, таа е основана на 25 март 1945 година како Градска народна библиотека во Битола, во 1964 година е именувана како Матична библиотека „Климент Охридски“, а од 2004 година и денес функционира како Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола.
-Патрониот празник на библиотеката годинава се одбележува со повеќе активности, со промоција на мултимедијален ЦД-РОМ „Роднокрајни автори“ – проект на Гордана Пешевска и Ленче Андоновска, Зборник на излагања од 16. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија“, како и со промоција на списанието „Библиотечен тренд“ број 52. Вечер во салата за промоции ќе биде емитуван документарниот филм „Бесмртноста на Блаже Конески“ од авторката Искра Талевска, информираа од НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
За посетителите во библиотеката поставена е тематска изложба „2021 година – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“.