Во оваа втора фаза беа пуштени 300 килограми ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 килограми матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 килограми.
Спортско-риболовното друштво „Шаран" од Македонска Каменица изврши проибување на Калиманско Езеро. Активноста, како што информираа од друштвото, финансиски е потпомогнато од Општина Македонска Каменица и Рудник САСА.
-Во оваа втора фаза беа пуштени 300 килограми ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 килограми матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 килограми, информираа од СРД „Шаран".
Порибниот материјал, како што додадоа, е од езерото Козјак од Репро Центар „Миа Еко Фиш" кои одгледуваат риба за подмладување на рибниот фонд.
-Рибата би требало во пролетните месеци да се измрести со што значително ќе се збогати рибниот фонд во нашето езеро, додадоа од СРД „Шаран".
Оваа активност како што дополнија е дел од повеќегодишната соработка на здружението „Шаран", О
Општина Македонска Камедница и Рудникот САСА, кој обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци.