Поради големот воден талог, зголемено нивото на Ратевска река и Река Брегалница во Беровско. Зоран Аговски, раководител на подружницата на АД „Водостопанство“ на РМ во Берово, за МИА информира дека во Малешевијата, во изминатото деноноќие, регистрирани се 38,7 литри дожд на метар квадратен, поради што дел од коритата на овие реки се излеаа.
-Во моментот имаме зголемено ниво на река Брегалница и Ратевска Река, како резултат на обилните врнежи и паднатата количина од 38,7 литри на метар квадратен. Поради големиот воден талог, зголемено е нивото на водата во речните корита на овие две реки. На неколку критични места Ратевска Река веќе се излеа и има поплавено земјоделско земјиште во Владимирово, информира Аговски.
Додаде дека критична е ситуацијата и со река Брегалница кај селото Будинарци.
-Брегалница веќе е излеана кај село Будинарци и е со тенденција да излезе од речното корито и на територијата на Општина Делчево. Од останатите реки во делчевско, зголемен водостој има и на река Желевица, која на неколку места во село Тработивиште излезе од коритото, додаде Аговски.
Екипи на подружницата на АД „Водостопанство“ на РМ од Берово, како што додаде се на терен, будно ја следат состојбата, посочувајки дека онаму каде има потреба ќе биде интервенирано.