Европската Унија денеска порача дека е солидарна со Литванија и дека бара дополнителни информации од Кина за недозволените извози.

Ова денеска го соопштија од дипломатската служба на ЕУ.

Нејасно е зошто литванските извози кон Кина не добиваат дозволи од страна на кинеската царина, ЕУ бара одговори од кинеските власти.

-ЕУ е информирана дека литванските извози не добиваат дозвола од кинеската царина и дека апликациите за увоз од Литванија се отфрлаат. Во близок контакт сме со литванската влада и собираме информации преку ЕУ делегацијата во Пекинг навремено. Контактираме и со кинеските власти што побрзо да ја разјаснат ситуацијата, изјавија од службата за надворешна политика на ЕУ.

Унијата и „обединета и солидарна“ со Литванија, порачаа прес службите.

-ЕУ е подготвена да се спротиви на секаков вид политички притисок или насилни мерки против која било земја членка на ЕУ. Развојот на билатералните односи на Кина со поединечни земји членки има последици врз целокупниот однос ЕУ-Кина, предупреди Унијата.

Доколку информациите добиени од страна на ЕУ бидат потврдени, ЕУ ќе „треба да ја процени компатибилноста на делувањето на Кина согласно нејзините обврски во Светската трговска организација“.

ЕУ повторува дека останува посветена на политиката „Една Кина“.

Според информациите добиени во ЕУ трговските проблеми меѓу Литванија и Кина се поврзани на отворањето на тајванско претставништво во оваа балтичка земја.