Варијантата Омикрон е потенцијално многу позаразна од претходните, иако првичните знаци сугерираат дека станува збор за сој кој предизвикува полесни симптоми. Ниту еден од 151 лице хоспитализирани во Нов Јужен Велс не е заразен со варијантата омикрон.

Властите ги ублажуваат ограничувањата во Сиднеј од почетокот на октомври, кога беше укинато речиси четиримесечното заклучување во градот за да се спречи ширењето на варијантата делта на коронавирусот, откако беше постигната голема стапка на вакцинација.

„Неодамна, ширењето на инфекцијата се зголеми на големи социјални настани, што секако придонесе за зголемување на бројот на новозаразени”, рече заменик-главната директорка за здравство во Нов Јужен Велс, Маријана Гејл во видео објавено на Твитер.

Десетици луѓе кои биле во паб во Сиднеј се позитивни на коронавирус, а официјалните лица ги чекаат резултатите од тестот за да покажат дали има некој од нив заразен со варијантата омикрон.

Варијантата омикрон е потенцијално многу позаразна од претходните, иако првичните знаци сугерираат дека станува збор за сој кој предизвикува полесни симптоми. Ниту еден од 151 лице хоспитализирани во Нов Јужен Велс не е заразен со варијантата омикрон.