Властите во ирачката провинција Басра најавија мобилизација на безбедносните сили откако сe утврди дека се украдени најмалку 100 касетни бомби, јави телевизијата Ал Арабија.
Вчера, Абас Махер, началник на областа Ез-Зубаир во истата провинција, изјави дека контејнер со неексплодирани убојни средства исчезнал од складиште за деминирање.
Компаниите кои деактивираат неексплодирани мини во пустинските области Басра, особено во околината на Ез-Зубаир, собираат такви гранати во специјални контејнери на околу 60 километри од регионалниот центар за понатамошно уништување, појасни Махер.
Тој рече дека вчера била добиена информација за кражба на таков контејнер, во кој имало 100 неексплодирани касетни бомби.
Органите на редот трагаат по украдената муниција.